Нашата почетна дискусија е за новинарството посветено на следење на корупцијата и теми поврзани со доброто владеење во различни земји на Балканот. Колку овие приказни имаат влијание во јавноста? Дали реалноста се менува со известување за овие важни прашања? Која е смислата на квалитетното новинарство во борбата против корупцијата? Ова се само дел од прашањата за кои ќе се дискутира на отворањето на нашиот седми Медиа Фестивал Скопје.
ДАТА: вторник, 21 ноември | 19:00 часот
МОДЕРАТОР: Марија Митевска
ГОВОРНИЦИ: Бранимир Брадариќ, Линдита Села, Милица Војиновиќ, Влатко Стојановски