Неодамна пензионираната професорка Блага станува жртва на телефонска измама заради која останува без животната заштеда и без пари за гробот на нејзиниот неодамна упокоен сопруг.
Животот ѝ се превртува наопаку кога ќе разбере дека парите се неповратно изгубени, сè додека не добие примамлива, но сомнителна понуда за работа. Обидувајќи се да ја надомести изгубената заштеда, дотогаш чесната учителка почнува да губи нешто друго - своите принципи.
Оваа морничава и напната драма на Стефан Командарев (режисерот на филмот „Насоки“, кој беше во престижната програма „Извесен поглед” (“Un Certain Regard”) на Канскиот филмски фестивал во 2017) е бугарски кандидат за наградата „Оскар“. На меѓународниот филмски фестивал во Карлови Вари годинава, филмот ја доби главната награда„ Кристален глобус“ за најдобар филм, наградата за најдобра женска улога за Ели Скорчева и наградата на екуменското жири за поддршка на христијанските и моралните вредности.