Skip to content
  • За МФС
  • Програма
  • Филмови
  • Дискусии
  • Работилници
  • Контакт
  • English
  • За МФС
  • Програма
  • Филмови
  • Дискусии
  • Работилници
  • Контакт
  • English
  • За МФС
  • Програма
  • Филмови
  • За МФС
  • Програма
  • Филмови
  • За МФС
  • Програма
  • Филмови
  • Дискусии
  • Работилници
  • Контакт
  • English
MFS logo png
  • Дискусии
  • Работилници
  • Контакт
  • English
  • Дискусии
  • Работилници
  • Контакт
  • English

2020 – Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје

СОЛИДАРНОСТ

Суштината на новинарската задача е солидарноста – да се застапуваат безгласните, да се информираат засегнатите, да се разоткриваат неправдите во име на општото добро. Имајќи ги предвид промените што пандемијата ги предизвика во медиумската сфера, но и во комуникациите во целост, четвртото издание на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје го посветуваме на нишките што нè обединуваат, на суштината која останува непроменета. Новинарската љубопитност е соочена со досега неискусени предизвици, па ве каниме заедно да ги разгледаме тековните, и да се обидеме поподготвени да ги пречекаме идните збиднувања во медиумската сфера.

Напомена: Сите дискусии и работилници ќе бидат онлајн и достапни преку пренос во живо на Фејсбук страниците на ПИНА и ИФФС. За филмовите, кликнете Гледај онлајн.

Суштината на новинарската задача е солидарноста – да се застапуваат безгласните, да се информираат засегнатите, да се разоткриваат неправдите во име на општото добро.  

Имајќи ги предвид промените што пандемијата ги предизвика во медиумската сфера, но и во комуникациите во целост, четвртото издание на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје го посветуваме на нишките што нè обединуваат, на суштината која останува непроменета.

Новинарската љубопитност е соочена со досега неискусени предизвици, па ве каниме заедно да ги разгледаме тековните, и да се обидеме поподготвени да ги пречекаме идните збиднувања во медиумската сфера. На четвртото фестивалско издание ќе зборуваме за влијанието на пандемијата врз новинарството, медиумите и начинот на комуникација, но и за низа други трендови и предизвици во професијата. Овогодинешната фестивалска програма вклучува филмови кои ја отсликуваат сегашната состојба во светот и истрајноста на човештвото, како и дискусии со медиумски професионалци од државата и светот. За првпат, програмата на Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје целосно ќе се одржува онлајн. Иако ќе ни недостасува физичката средба со гостите, ова е единствената разумна одлука, имајќи ја предвид моменталната ситуација во светот. Се надеваме дека барем на овој начин во програмата ќе уживаат и луѓе кои инаку не би биле во моженост да ни се придружат, и искрено се надеваме дека веќе за следното издание ќе можеме безбедно да ги пречекаме нашите гости во Скопје.

Како и секогаш, ИФФС е отворен за јавноста и сите настани се бесплатни. ИФФС е меѓународен фестивал и некои од настаните се на англиски јазик. Четвртото издание на ИФФС го организира Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА, во партнерство со Фондацијата Фридрих Еберт – Скопје и со поддршка од канцеларијата на УНХЦР – Скопје.

Целосната фестивалска програма за изданието од 2020 година е достапна на следниот линк: https://2020.iffs.mk/

Со почит,

тимот на ИФФС

ativador office 2019

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

Слични вести

2023 – Медиумски фестивал Скопје

Седмото издание на Медиумскиот фестивал Скопје се одржа од 21 до 23 ноември. Темата

Прочитајте повеќе »
16.11.2024

2021 – Медиумски Фестивал Скопје

ЖЕНИТЕ ВО МЕДИУМИТЕ Фестивалот што започна како Истражувачки филмски фестивал Скопје, во 2021 година прерасна

Прочитајте повеќе »
14.09.2022

2019 – Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје

Се упатувате кон дигиталното? Нема потреба да кликнете „Се согласувам“ за да продолжите. Истражувачкиот филмски

Прочитајте повеќе »
03.10.2021
  • ABOUT US
  • PARTNERS
  • CONTACT
  • ARCHIVE
  • ABOUT US
  • PARTNERS
  • CONTACT
  • ARCHIVE

ПОДДРЖУВАЧИ

© 2025 • MFS – All rights reserverd • Powered by Art Design

Twitter Youtube
Scroll Up