ЖИВОТНА СРЕДИНА
Шестото издание на Медиа Фестивал Скопје се одржа од 22 до 24 септември во Кинотеката на Македонија како и онлајн, со фокус на животната средина.
На шестото издание разгледувавме актуелните прашања што не’ опкружуваат, од климатската вонредна состојба која ги погодува сите на планетата, до бетонизацијата на зелените површини во нашите градови, новинарството посветено на екологија и други важни ,,зелени” теми.
Како и секоја година, ПИНА повторно на фестивалот даде значаен простор за темите посветени на опасностите во новинарската работна средина. Значаен дел од програмата беше посветен и на онлајн вознемирувањето со кое се соочуваат новинарките во нашата земја, преку презентација на резултатите од последната анализа која ја изработивме во која анкетиравме преку 100 новинарки од домашната медиумска сцена, заедно со најновиот краток документарец посветен на темата.
Се одржаа и повеќе дискусии, работилници и филмови посветени на разни теми важни за новинарството, медиумите и граѓанското општество.
Бројни говорници беа дел од ова издание, меѓу кои и новинарите и експертите од нивните области како Даниел Евросимоски, Југослава Дуковска, Кирил Арсовски, Ивана Настеска, Милка Смилевска, Христина Ѓоргиевска, Сунаи Сабриоски, Сара Шурман, Бојана Јовановска, Искра Коровешовска, Силвана Жежова, Нина Спрингер, Тиана Ивановска, Катерина Топалова, Дивна Пенчиќ, Пејо Кировски, Дарко Блинков, Силвија Јоњиќ, Димитар Самарџиев, Роберт Томиќ Зубер, Марина Лазаревска и Кристина Озимец.
Покрај дискусиите беа одржани и неколку работилници и презентации фокусирани на повеќе теми.
Филмската програма вклучуваше 9 филмови кои обработуваа теми поврзани со животната средина, бездржавјанството и онлајн вознемирувањето на новинарките во Македонија.