Осмото издание на Медиумскиот фестивал Скопје се одржа од 26 до 28 ноември и беше посветено на локалното новинарство. Фокусирајќи се на основната градбена клетка на новинарството – локалното известување, на ова издание на МФС се дискутираше за прашања што ги засегаат медиумските работници ширум Македонија.
На ова фестивалско издание, во дискусиите учествуваа новинари и експерти како Марија Митевска, Мирослава Симоновска, Влатко Стојановски, Агнеса Чаволи, Ана Трифуновски, Силвана Жежова, Бјанка Станковиќ, Маја Раванска, Ивана Јаневска, Светлана Ристевска, Емир Хамзи, Христина Николоска, Убавка Јаневска, Александра Максимовска, Бранимир Брадариќ, Линдита Села, Милица Војиновиќ, Бојана Спасовска, Михајло Донев и Сара Танаскоска.
Покрај дискусиите, фестивалските денови донесоа и филмски репертоар од впечатливи документарни остварувања кои покриваат различни аспекти од повеќеслојната новинарска задача, како и разни работилници за младите новинари. Публиката имаше можност да ги погледне филмовите „Промена на вестите“, „Залутани тела“, „Небото над Зеница“, „Лош печат“ и „За весникот“.
Фестивалот во организација на ПИНА се одржа во КОТУР, а како и секогаш настаните беа бесплатни и отворени за сите заинтересирани.












