ГЛЕДАЈ БЕСПЛАТНО ТУКА
СИНОПСИС
„Дипломати на продажба“ отвора нова димензија во истражувачкото новинарство за коруптивниот пазар со дипломатските пасоши. Прикриени новинари ја откриваат тајната трговија, колку чини и што е потребно за да се купи дипломатски пасош. Доказите за корупција директно водат до двајца премиери од Карибите. Истрагата вклучува сведочења на непосредни учесници, аудио снимки и десетици пораки што досега не се прикажани, електронска пошта и документи за тоа како премиерот Рузвелт Скерит и неговите политички сојузници добиле стотици илјади американски долари, со кои се финансирала нивната изборна кампања во 2014 година. Документарецот наведува неколку крупни компании за трговија со недвижности и бизнисмени кои станаа амбасадори на Гренада. Таков е случајот со Нагиб Савирис, еден од најбогатите луѓе во Египет и американски измамник, кој тајно се снимил како му предал куфер со половина милион долари на премиерот на Гренада, Кит Мичел.