ГЛЕДАЈ БЕСПЛАТНО ТУКА
СИНОПСИС
ФЕМОКРАТИЈА ја раскажува приказната на жените кои, од Втората светска војна до денес, немилосрдно се бореа и ги подобрија женските права во политиката и во земјата. Тие го поплочија патот за Ангела Меркел, првата жена канцелар во Германија. Пионерките буквално мораа да се борат за своето место во демократијата со мажи опседнати со успех и жедни за позиции. Без страв, амбициозни и со бесконечно трпение, женските хероини на ФЕМОКРАТИЈА го следеа нивниот пат и им пркосеа на предрасудите и сексуалната дискриминација. Политичарките од минатото добија шанса да зборуваат денес. Нивните спомени се смешни и горчливи, апсурдни и понекогаш застрашувачко актуелни. Емотивна хроника на политиката во Западна Германија од 50-тите до обединувањето на Германија.