Skip to content
  • За МФС
  • Програма
  • Филмови
  • Дискусии
  • Работилници
  • Контакт
  • English
  • За МФС
  • Програма
  • Филмови
  • Дискусии
  • Работилници
  • Контакт
  • English
  • За МФС
  • Програма
  • Филмови
  • За МФС
  • Програма
  • Филмови
  • За МФС
  • Програма
  • Филмови
  • Дискусии
  • Работилници
  • Контакт
  • English
MFS logo png
  • Дискусии
  • Работилници
  • Контакт
  • English
  • Дискусии
  • Работилници
  • Контакт
  • English

2021 – Медиумски Фестивал Скопје

ЖЕНИТЕ ВО МЕДИУМИТЕ

Фестивалот што започна како Истражувачки филмски фестивал Скопје, во 2021 година прерасна во Медиумски фестивал Скопје за да вклучи што повеќе теми од променливиот свет на современите медиуми и ги доближи до домашната публика. Петтото фестивалско издание беше посветено на „Жените во медиумите“, тема која беше логичен избор за нашиот мал јубилеј. По повеќегодишна работа во ПИНА на теми поврзани со жените новинарки, претставувањето на жените во медиумите како и позицијата на жените во медиумската сфера, фестивалот беше посветен токму на овие важни теми за кои говориме последните неколку години.

На петтото издание на фестивалот повторно донесовме интересни говорници, филмови, дискусии и работилници. Изданието се одржа онлајн, од 5 до 8 октомври, а настаните можеа да се следат на фестивалскиот сајт, како и на сите наши канали на социјалните медиуми.

Па така, на фестивалот можеа да се проследат повеќе дискусии на бројни говорници од Македонија и странство.

Новинарките Сане Терлинген и Елиса Лис Муњоз зборуваа на тема „Жените новинарки во денешниот медиумски пејсаж – предизвици и движење напред“ каде се говореше за состојбата на жените во медиумите, со какви притисоци се соочуваат тие, како и дали медиумската индустрија нуди еднакви можности за напредување на жените и мажите.

На прашања поврзани со тоа кои беа предизвиците со кои се соочуваа жените новинарки во минатото говореше новинарката Сања Васиќ. Таа го пренесоа и нејзиното искуство за предизвиците во ова време. На тема „Жените новинарки и нинвното влијание на промените во општеството“, Васиќ зборуваше и за тоа дали жените имаат еднакви можности во домашниот медиумски сектор, зошто нема доволно жени во менаџментот, како жените се прикажуваат денес во мејнстрим медиумите, но и како да се придвижат работите напред.

Истражувачките Ангела Делевска и Елена Данова го ставија фокусот и на прикажувањето на жените во македонските медиуми за време на пандемијата со коронавирусот во 2020 година, за што претходно имаат изработено и анализа.

На петтото издание на фестивалот, публиката можеше да ја проследи и дискусијата насловена „Феминистичките медиуми на домашата медиумска сцена“, на која Калиа Димитрова и Фисник Џелили говореа за работата на онлајн медиумите Медуза и Mollëkuqja (Бубамара) посветени на феминизмот.

Фоторепортерката Маја Јаневска Илиева и видео уредничката Мајда Бошњак Атанасовска на Медиумскиот Фестивал Скопје зборуваа за работата, предизвиците и искуството на медиумските работници како снимателкимонтажерки и фотографки на темата насловена „Низ нивните камери – медиумските работнички во првите редови“.

Филмската програма вклучуваше 10 филма кои третираа теми поврзани со феминизам, слобода на медиуми, активизам, миграција и бездржавјанство.

На Медиумскиот Филмски Фестивал публиката имаше можност да учествува и на работилница насловена „Секој има поткаст“. Работилницата ја водеше германската новинарка Сузане Клингнер која од 2013 година го води „Lila Podcast“, првиот и најголем германски феминистички поткаст.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

Слични вести

2023 – Медиумски фестивал Скопје

Седмото издание на Медиумскиот фестивал Скопје се одржа од 21 до 23 ноември. Темата

Прочитајте повеќе »
16.11.2024

2020 – Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје

СОЛИДАРНОСТ Суштината на новинарската задача е солидарноста – да се застапуваат безгласните, да се информираат

Прочитајте повеќе »
04.10.2021

2019 – Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје

Се упатувате кон дигиталното? Нема потреба да кликнете „Се согласувам“ за да продолжите. Истражувачкиот филмски

Прочитајте повеќе »
03.10.2021
  • ABOUT US
  • PARTNERS
  • CONTACT
  • ARCHIVE
  • ABOUT US
  • PARTNERS
  • CONTACT
  • ARCHIVE

ПОДДРЖУВАЧИ

© 2025 • MFS – All rights reserverd • Powered by Art Design

Twitter Youtube
Scroll Up