Силвана Жежова, ко-основач и уредник во првиот онлајн магазин, емагазин.мк. Дипломиран новинар, со долгогодишно новинарско, уредничко, основачко искуство во голем број на печатени дневни и неделни весници. Работела и во дел од онлајн медиумите, новински агенции како и соработник на ТВ-емисии. Во изминатите три години, таа е дел од менторската програма на ПИНА, пренесувајќи го своето знаење и искуство како ментор во програмата за млади новинари и на жените новинарки.
