Продуцент, уредник, режисер
Роберт Томиќ Зубер е роден во Пула во 1976 година. Има дипломирано социологија, а во последните дваесет години работи како новинар и уредник во хрватскиот печат, на радио и на телевизија, како и за меѓународни медиуми како Би-Би-Си. За својата работа има добиено две награди од Хрватското здружение на новинари. Во изминатата деценија Зубер режирал четири долгометражни документарни филмови: „На станицата во Пула“ (2001), „Случаен син“ (2008), „Мила ја бара Сенида“ (2010) (доделена од Наградата за човекови права на Сараевскиот филмски фестивал“), „Живот од милион долари“ (2017). Три години, од 2013 до 2016 година, бил раководител на документарна продукција на Хрватската национална телевизија, денес е хонорарен работник и сопственик на продукциската куќа „ТОРОлаб“ и предавач на факултетот Верн во Загреб. Основач е и директор на РАФФ – Филмскиот фестивал на Раб во Хрватска.