Техеран, јули, 2007 година. Reyhaneh Jabbari, млада девојка на деловен состанок се обидува да се одбрани од сексуален напад. Го прободува напаѓачот и бега. Следниот ден е уапсена за убиство. Пресудата е смртна казна. Преку тајно направени снимки, писма пишувани во затворот и сведоштва на нејзиното семејство, „Седум зими во Техеран“ ја прикажува борбата на Reyhaneh и одекнува како крик за правда за жените во Иран и ширум светот. „Седум зими во Техеран“ ќе се прикажува на 22 ноември во 21 часот во Котур



