Стефани Манева е дипломирана новинарка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. По дипломирањето хонорарно била ангажирана како новинарка во регионалниот веб-портал „Дума.мк“ со седиште во Велес, каде што работи и денес. Во порталот покрива дневни настани, но со особено внимание се посветува и на подготовка на истражувачки приказни. Таа беше дел и од Програмата за жени новинарки на ПИНА, искуство што ѝ донесе големо задоволство, многу знаење и значајно придонесе за нејзиниот професионален развој.
