Работилницата „Безбедност на новинарките во дигиталниот простор: ризици и одбрана од ВИ злоупотреби“ е интерактивна тренинг-сесија посветена на препознавање, мапирање и справување со дигиталните закани што ги засегаат новинарките и новинарите. Во фокус се родово базираното насилство, онлајн вознемирувањето, говорот на омраза, манипулациите, дезинформациите, како и новите ризици поврзани со злоупотреба на вештачката интелигенција — особено deepfake технологии и лажен идентитет.
Учесниците ќе се запознаат со локалниот контекст преку реални случаи од Северна Македонија и регионот, при што ќе се направи заедничко мапирање на предизвиците со кои се соочуваат новинар(к)ите.
Целта на работилницата е да се подигне свеста, да се зајакне капацитетот за одбрана од дигитални напади и AI злоупотреби, и да се создаде безбеден простор за размена на искуства и практични решенија.
ДАТУМ: Среда, 24 дек | 17:30
МЕНТОРКА: Марта Стевковска
Пријави се на работилницата тука.
