Деница Чадиковска е новинарка и уредничка за комуникации во Истражувачка Репортерска Лабораторија – ИРЛ, каде работи на развој на иновативни медиумски продукти и стратегиска комуникација. Од 2023 година е и водителка на поткастот Разговор во Редакција. Пред да се приклучи на ИРЛ, работела во КРИК, социо-културна емисија за млади, и во Алтер Сцена, проект посветен на промоција на локалната музичка сцена.
