Павел „Паша“ Таланкин е необичен херој. Тој е омилен наставник во основно училиште, познат како ментор и шегобиец, кој им нуди сигурно прибежиште на учениците во својата канцеларија. Но, со почетокот на руската инвазија врз Украина, неговата улога во училиштето драстично се менува и тој неволно станува дел од пропагандната машинерија на Путин. Принуден да промовира пораки одобрени од државата и згрозен од трансформацијата на училиштето и заедницата, Паша се соочува со чувство на вина и немоќ, што на крајот го наведува да стане свиркач на меѓународно ниво.
Задолжен за видео документацијата во училиштето, Паша снима интимни и разоткривачки сведоштва за режимот на Путин, бележејќи го подемот на милитаризираните детски организации, репресивните закони, засилениот национализам и регрутирањето на матурантите за учество во војната. Кога дознава дека и неговиот живот може да биде загрозен, Паша е принуден да испланира опасно бегство од Русија.
Во режија на Дејвид Боренштајн, со Павел Таланкин како корежисер, овој уникатен филм, создаден преку блиска соработка, е истовремено привлечен и полн со живот, но и отрезнувачки и длабоко разоткривачки. Mr. Nobody Against Putin нуди ретки снимки што го откриваат длабокото влијание на режимот на Путин врз животот на обичните руски граѓани, особено врз децата.
Режисер и сценарист: Дејвид Боренштајн
Корежисер и кинематографер: Павел Таланкин
Продуцентка: Хеле Фабер
Копродуценти: Радован Шибрт, Алжбета Караскова, Петра Добешова
Монтажери: Николaj Монберг, Ребека Лонквист


