Ана Василева е родена 1982 година во Битола. Живее и работи во Скопје, Северна Македонија, феминистка и активистка за женски права. Постдипломски студент за родови студии на Институтот за општествени и хуманистички науки во Скопје, работи како толкувач и преведувач. Активно ангажиранa во подиггнување на свеста за родови прашања и промовирање политики на солидарност и колективна одговорност. Таа е исто така дел од дуото PeachPreach кое организира настани кои го промовираат женскиот дискурс и го предизвикуваат патријархалното угнетување преку јавно раскажување приказни, со што ја продолжуваат традицијата на женската усно раскажана историја, наспроти канонизираната машка пишана историја.
Цврсто верува дека феминистичката мисла и акција се испреплетени и дека феминистичката теорија и практика одат рака под рака и смета дека индивидуалните напори на една личност секогаш мора да се темелат на принципите на женска солидарност и интерсекционалност во пракса. Заинтересирана за проучување и промовирање на женската усно раскажана историја и пишување за жените.
Нејзините интереси се вртат во голема мера околу областите на насилство врз жените и културата на силување и начините на кои тие влијаат и ги обликуваат жените и општеството. Анализира како поп културата и медиумите го нормализираат и минимизираат насилството врз жените во секојдневниот јавен дискурс.