Бјанка Станковиќ е новинарка, уредничка и претседателка на ПИНА со долгогодишно искуство во дневно, истражувачко и раскажувачко новинарство.
Во фокусот на нејзината работа најчесто се теми поврзани со заштитата на животната средина, социјалната правда, дезинформациите, родово базираното насилство, отчетност и транспарентност на институциите.
За својата работа двапати ја има освоено наградата „Гласник на невидливите“, која ја доделува Македонската платформа против сиромаштија – во 2022 и 2024 година. Во 2026 година, од страна на Македонскиот институ за медиуми ѝ беше доделена пофалница за истакнат новинарски ангажман.
Била дел од Програмата за млади новинари, а подоцна и дел од Програмата за жени новинарки во ПИНА. Таа станува проектен асистент во ПИНА, по што напредува во проектна координаторка и уредничка. Станковиќ има завршено студии по новинарство на Правниот факултет во Скопје.
