Виктор Вукановски е новинар и радио водител од Штип. Во својата 10 годишна кариера бил уредник на повеќе радио емисии емитувани на локални и национални радио станици.
Тој пишува и новинарски стории за секојдневните настани и актуелности од областа на општеството, образованието, здравството, спортот, како и теми од областа на политиката, корупцијата, владеењето на правото и човековите права.
Вукановски досега има добиено две признанија за придонес во афирмирање на спортот и спортските случувања во Штип и Македонија.
Тој зад себе има поминато неколку обуки наменети за подобрени политики преку граѓанското учество, а со цел стекнување на применливи вештини и знаења за новинарско изразување, истражување и мултимедијална продукција кои се неопходни за работа во современата новинарска редакција.