Димитар Самарџиев е пермакултурен дизајнер и едукатор, со претходно формално образование за јазик, превод, културолошки студии и комуникации. Основач на едукативната прехранбена шумска градина „Иградина“. Тековно, член на граѓанската организација „Зелената арка“ и координатор на општествената градина „Бостание“. Се занимава со пермакултурен дизајн од 2011 година – истражувајќи ги конвергентните полиња на животната средина, дизајнот, биосемиотиката, комуникацијата, културата, уметноста и медиумите. Фасциниран од микоризата и компостот.