Ивана Јаневска веќе 8 години активно работи во новинарството. Студирала на Високата Школа за новинари, се дообразувала на Факултетот за општествени науки на Универзитетот во Љубљана.
Во почетокот на својата кариера работи во радио, а подоцна преминува во телевизиското новинарство. Била уредник и водител на утринска радио програма и емисијата Мак Сцена. Од 2021година работи како новинар и водител во Алфа ТВ. Обработува неколку видови на теми меѓу кои и социјални, човекови права и маргинализирани групи.
Низ годините била дел од повеќе тркалезни маси, тренинзи и работилници во регионот поврзани со медиуми, комуникации, истражувачко новинарство, мобилно новинарство, парципативни видеа како и за климатски промени.