Искра Коровешовска е доктор на комуниколошки науки на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, моментално е уредник во Телевизија Алфа и насловен доцент на Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип. Има околу 20-тина години искуство како новинар и уредник во телевизиски, печатени и онлајн медиуми. Повеќе проекти со хумани мисии посветени на ранливите групи (пред се самохрани мајки) се впишани во нејзината биографија. Има објавено неколку научни труда на тема влијанието на социјалните медиуми врз интегритетот на новинарството.