Катерина Топалова е новинарка во јавниот сервис, Македонската радио телевизија (МРТВ). Родена е на 28 август 1987 во Штип. Од 2009 година, три години работеше за ТВ Алфа, покривајќи прашања како што се интеграциите во ЕУ и надворешните работи. Студирала новинарство и магистрирала Медиуми и комуникации на државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Стипендист е на Амбасадата на САД во Скопје и беше на престој за доедукација на најстарата школа за новинарство во Мисури во САД во 2019 година. Катерина е со бројни награди и признанија за нејзината работа. Во 2019 година, беше наградена од УНХЦР и Здружението на новинари на Македонија во категоријата за емисија или краток документарен филм за мигрантите. Во јуни 2020 година, доби награда од Советот за етика во медиумите на Македонија за две ТВ стории поврзани со известување за пандемијата на коронавирус (КОВИД-19). Во 2021 година, Катерина ја доби престижната награда „Никола Младенов“ за најдобра иновативна приказна на Македонскиот институт за медиуми. Катерина е обучена за едукатор од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и е дел од најголемиот проект за медиумска писменост „You Think“ во Македонија.