Кирил Арсовски Пржо e еколог и професор по биологија, главен уредник на едукативната веб платформа ДОМА (www.doma.edu.mk) на Институтот за комуникациски студии. Тој е продуцент и автор на серијалот на еколошки едукативни документарни филмови „Дома“. Полето на негов интерес и истражување е комуникација на науката, екологија и заштита на животната средина. Пишува анализи за национални и регионални еколошки проблеми и често држи јавни предавање од областа на заштита на животната средина.