Кристијан Трајчов е млад новинар кој моментално работи во медиумот Press24. Тој е дипломиран новинар, а тој најчесто работи на приказни поврзани со човековите права, доброто владеење, млади и образование, но сепак неговата најголема желба е спортското новинарство, односно известување за фудбалот. Тој се занимава и со изработка на новинарски видео приказни. Учесник е на голем број обуки за млади новинари, а кои се поврзани со изработка на новинарски продукти.
