Наташа Димова е претседателка на Мрежа Стела, каде што учествува во водење на менторската мрежа и други активности и проекти поврзани со родова еднаквост, помирување и (дигитално) родово базирано насилство. Истовремено е и аналитичарка во Pikasa Analytics, каде што работи на мониторинг на медиуми и социјални мрежи и истражува пропаганда, дезинформации и странско манипулирање со информации. Магистер по применета политика, со 10+ години работно искуство. Нејзината работа ги поврзува двата света: она што податоците го покажуваат за тоа кој се слуша, а кој се замолчува во јавниот простор, и она што менторството и женската солидарност можат да го сменат. Верува дека женските гласови не треба само да бидат видливи, туку и заштитени и слушнати.
