Сане Терлинген е наградувана истражувачка новинарка од Холандија и една од иницијаторките на „Изгубени во Европа“, прекуграничен истражувачки проект кој се обидува да открие што се случило со илјадници мигранти и деца бегалци кои исчезнале по пристигнувањето во Европа. Таа исто така работи и за главната истражувачка програма во Холандија „Аргос“. Сане најчесто известува за миграција, трговија со луѓе и организирана злоупотреба на деца. Исто така, Сане е и Охберг соработничка на Дарт центарот за новинарство и траума.