Сара Шурман од Германија е новинарка и обучувачка посветена на теми врзани со животната средина и климатската криза. Меѓу другото работела како уредничка и консултантка за германските публикации Tagesspiegel, VICE, Gruner + Jahr, Zeit Online, funk и SWR. Во 2018 година германското списание за новинарство „Медиум магазин“ ја вброи во листата „Топ 30 помлади од 30“. Во 2020 година Шурман преку отворено писмо им се обрати на колегите новинари апелирајќи да сфатат колку е сериозна состојбата со климатската криза. Во 2021 година со неколку колеги ја основа Германската мрежа за климатско новинарство, а во 2022 година ја објави својата прва книга Klartext Klima!
Фото: Јулија Штајнигевег | Издавачка куќа Brandstätter