Сашо Богдановски дипломирал радио, телевизиска и филмска продукција на Факултетот за драмски уметности во Скопје и специјализирал на програмата ЕКУМест за раководење дејности од културата и уметностите со престој во повеќе европски градови. Бил директор на проектот на ЕУ Фаре за развој на дејностите во културата. Првичниот професионален интерес за уметноста и културата го заменил со работа во националното независно регулаторно тело за радиодифузија, од самото негово основање, првично ангажиран во администрирање на „програмите од јавен интерес“, потоа на меѓународната соработка, а сега раководи со Одделението за човекови права и медиумска писменост во Секторот за програмски работи на АВМУ. Магистрирал на комуникации и нови медиуми, со фокус на пребарувачите на содржини и бил ангажиран како предавач на предметите „Медиумска продукција“ и „Медиумско претприемништво“ на Институт за комуникациски студии во Скопје.