Во текот на работното искуство, Тиана работи на многу проекти од најразлични сфери меѓу кој најзастапени се исксутвата поврзани со организациската и клиничката гранка на психологијата.
Успешно применува дијагностички алатки од типот на тестови на личност, тестови на способности, проективни техники како и изработка на психолошка процена. Во моментов е сопственичка на приватен старт ап бизнис во кој менаџира тим на млади психолози. Паралелно работи како психолог во шелтер за жени жртви на семејно насилство при ОЖС, а исто така е дел од тимот за пружање на психосоцијална помош на мигрантите од кризата во Авганистан згрижени на различни локации под водство на Црвен Крст на Град Скопје. Има искуство во работа со социјални мрежи, промоција, маркетинг и дизајн спроведен за потребите на нејзината компанија.
Исто така соработува со голем број на колеги со кои се вклучува во активности на Психотерапика, Комората за психолози, Црвен Крст, Организација на жени на Град Скопје, Младите Можат, како и многу здруженија од невладиниот сектор.