Вања Мицевска е новинар со 12 години професионално искуство во областа. Нејзиниот матичен медиум е ТВ Телма каде како репортер од терен во утринската програма известува за актуелните случувања во градот, пренесува инспиративни животни приказни и ги актуелизира прашањата за системските слабости во областите на здравството, социјалата, образованието и животната средина. Автор е на повеќе текстови од овие сектори објавени на ПИНА, каде е и коавтор на документарниот филм „Низ призмата на (не)правдата“.
