Хеше ван Харен повеќе од 17 години раководи со сопствената медиумска организација „ВерсПерс“. Со текот на годините, Хеше создаде бројни новинарски продукции и новинарски настани. Заедно со Сане Терлинген, Хеше ван Харен е иницијаторка на проектот Изгубени во Европа. Хеше е движечка сила на проектот и шефица на растечкиот тим, кои сега брои 24 професионалци. Таа го координира истражувањето на терен, го зближува тимот, работи на терен и им помага на раскажувачите. Хеше има големо искуство како наставник за истражувачко новинарство, креативност и фотографија. Таа е основачка на приватното училиште за истражувачко новинарство „Отворени очи“ во Амстердам. Држи работилници и предавања на различни медиумски институти и конференции.