Зоран Ричлиев е медиумски експерт и проектен менаџер со долгогодишно искуство во новинарството, дигиталните комуникации и медиумските политики.
Неговиот новинарски ангажман започна во „Утрински весник“, а се прошири преку улогата на дигитален продуцент во Медиа Принт Македонија и главен уредник при основањето на Mnogoo.mk и Telegraf.mk. Истовремено, предаваше дигитално новинарство на Високата школа за новинарство и Институтот за комуникациски студии, а по искуството како истражувач во БИРН, премина во Мисијата на ОБСЕ во Скопје каде до 2024 година работеше на програми за медиумска писменост и безбедност на новинарите.
Во моментот е менаџер на медиумски проекти во Фондацијата Метаморфозис.Тој е автор на повеќе истражувачки трудови и документи за јавни политики за медиумите, а академски е фокусиран на улогата на алгоритмите во јавното информирање.
