Марина Лазаревска е една од основачките на ПИНА Скопје и филмска селекторка на Медиумскиот фестивал Скопје, претходно познат како Истражувачки филмски фестивал. Марина дипломирала новинарство на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје од каде се вработила во културната редакција на весникот „Дневник“. Има повеќе од 15 години искуство во филмскиот, медиумскиот и културниот сектор. Нејзината работа опфаќа креативни индустрии, филмска дистрибуција, фестивалско програми, развој на публика и меѓународни културни проекти. Работела на филмски фестивали како „Браќа Манаки“, „Синедејс“, „Мобил филм фестивал“ и учествувала во подготовка и реализација на повеќе од 15 проекти поддржани од Креативна Европа – MEDIA, како и проекти од програмите Erasmus+ и Horizon.
