Маја Атанасова е дипломирана правничка со положен правосуден испит и долгогодишно искуство во обезбедување правна помош, правно советување и заштита на човековите права. Од 2017 година работи во Македонското здружение на млади правници (МЗМП), каде што е ангажирана во обезбедување правна помош, подготовка на правни анализи, застапување и спроведување обуки за различни целни групи.
Нејзиното професионално искуство опфаќа и прашања од областа на работното право, правата и обврските што произлегуваат од различни форми на професионален ангажман, како и правната положба на граѓаните во однос на институциите.
