Маја Блажевска Евросимоска повеќе од 20 години работи како новинарка во домашни и меѓународни медиуми. Последните 14 години била уредничка и дописничка во регионалната телевизија Ал Џазира Балканс. Претходно е дел од македонската редакција на Светскиот сервис на БиБиСи. Докторирала комуниколошки науки на Универзитетот во Сараево.
