Маја Јаневска Илиева (1976) е фоторепортерка во дневниот весник Нова Македонија. По образование е дипломиран инженер архитект. Како фоторепортер работи од 2000 година, најпрво во неделникот Форум, потоа во дневните весници Нова Македонија, Дневник, Време и од 2008 година повторно во Нова Македонија. Во овој период поминала повеќе тренинзи, обуки и семинари за професионално усовршување, најзначаен беше семинарот на World Press Photo 2001-2004 година.
Работи новинска, документарна фотографија, но и репортажна, спортска, портретна и се што покрива весникот и интернет порталот на Нова Македонија.
Соработува хонорарно со други државни и невладини, домашни и странски организации. Има учествувано на сите изложби на новинска фотографија во организација на сега непостоечкото Здружение на фоторепортери на Македонија, на изложби на уметничка фотографија – Денови на македонската фотографија и неколку самостојни изложби на фотографии, последната одржана во 2019 година, во колаборација со Велимир Жерновски. Таа е и мајка на две деца.