Сања Јачевска е новинарка со 16-годишно новинарско искуство. Од самиот почеток на својата кариера е дел од новинарската екипа на весникот „Нова Македонија“, каде што работи на теми од областа на културата и магазинскиот дел.
Паралелно, како фриленс-новинарка соработува со порталот „Факултети.мк“, каде што најчесто обработува теми поврзани со образованието. Самостојно иницира и развива идеи за статии, а посебен интерес ѝ претставуваат приказните за теми и личности што остануваат на маргините на јавниот интерес или не добиваат доволно медиумско внимание.
Јачевска е дел од Програмата за новинарки на ПИНА.
Дополнително, соработува со различни платформи, медиуми и организации, особено на сензитивни општествени теми и содржини поврзани со родовата еднаквост.
