Марија Митевска ја започна новинарската кариера во 2008 година во А1 телевизија. Од 2009 година 14 години беше дописник на Радио Слободна Европа на македонски јазик. Од септември годинава е ангажирана во емисијата посветена на истражувачко новинарство КОД на Телма ТВ. Изминатите години одржува и тренинзи на средношколци за новинарство и работи како ментор и уредник на проекти за продуцирање на новинарски содржини. Добитник е на неколку признанија за нејзините истражувачки стории, како и меѓународни стипендии за истражувачко новинарство.