Матеј Тројачанец е докторски студент по психологија, истражувач и новинар, вработен во Фондација Метаморфозис, во сервисот за проверка на факти Вистиномер. Со долгогодишно истражувачко искуство, како во државата, така во регионот и пошироко, во фокус главно му се социјалните науки и општествено-ангажираните прашања.
Кога станува збор за дезинформациите и справувањето со истите, тој ја испитува проблематиката со интердисциплинарен пристап: интра- и интерпсихолошките фактори што влијаат на тоа дали и колку луѓе веруваат во онлајн содржините што ги читаат, социо-политичките феномени и мрежи кои дозволуваат и насочуваат каде и каква содржина ќе се промовира, но и технологијата којашто го овозможуваат сето ова. Иако во моментов главно работи на реактивно справување со дезинформациите, фокусот е и кревање на нивото на медиумска писменост во државата и пошироко.
