Наташа Гркова Петрушевска – новинар, репортер, уредник, водител и медиумски истражувач со повеќе од 25 години професионално искуство во Македонската радио телевизија. Позната по својот иновативен и аналитичен пристап кон медиумските прашања, силната заложба за транспарентност и континуираната работа на подобрување на положбата и видливоста на жените во новинарството во Македонија.
Во својата кариера обработува теми од значаен јавен интерес – правда, политика екологија, здравство, социјални прашања и борба против корупцијата. Како медиумски истражувач активно ја следи транзицијата на медиумите во дигиталната ера и примената на нови технологии.
Во последните години работи и со алатки за вештачка интелигенција, користејќи ги за истражување, анализа на податоци, подобрување на продукциските процеси и за подигнување на ефикасноста и точноста во новинарската работа. Нејзиното искуство со вештачката интелегенција претставува уште еден важен сегмент во нејзината мисија да го унапреди современото новинарство и да ја поттикне медиумската писменост.
