„Игра со сенки“ три години следеше десет тинејџери на нивното исцрпувачко патување низ Европа. Со овој иновативен проект и манифестот „Заштитете ги децата во движење“, „Игра со сенки“ се обидува да биде дел од решението и бара од своите гледачи да го сторат истото.
Режисерката Ефје Бланкеворт ќе го претстави трансмедијалниот проект „Игра со сенки“, кој се состои од долгометражен документарен филм, серија кратки документарни филмови, кампања за дејствување, авантуристичка игра и мултимедијална серија / изложба во соработка со фотографот Чигдем Јуксел.
Погледнете ја снимката од разговорот.
„Игра со сенки“ е дел од филмскиот избор на фестивалот.
Говорник: режисерката Ефје Бланкеворт
Овој настан од програмата на фестивалот е поддржан од УНХЦР Северна Македонија со средства од Миграцискиот мултипартнерски траст фонд.