Од 2012 година Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги посветува посебно внимание на родовите прашања и спроведува годишни анализи за третманот на родовите прашања во дневните информативни програми и начинот на кој програмите на националните телевизиски сервиси ги прикажуваат жените и мажите, како и прашања поврзани со родот во програмските концепти и содржини на радиодифузерите. Секоја година фокусот на анализите се насочува кон различни аспекти на медиумите и родовата поврзаност.
ДАТУМ: Среда, 6 октомври | 18:00 ГОВОРНИЦИ: Сашо Богдановски, Марина Трајкова