Бегалците, барателите на азил и лицата без државјанство се едни од најмаргинализираните во нашето општество. За жал, медиумското покривање на овие групи исто така понекогаш е маргинализирано во главните медиуми. Како овие важни приказни можат да привлечат поголемо медиумско внимание? Кои се предизвиците со кои се соочуваат новинарите кои известуваат за овие прашања? Што можат да направат новинарите за да помогнат и да влијаат на промените во општеството? Ова се само некои од прашањата што ќе бидат разгледани во оваа дискусија.
Погледнете ја снимката од дискусијата.
Модератор: Кристина Озимец
Говорници: Соња Делевска и Марија Севриева
Овој настан од програмата на фестивалот е поддржан од УНХЦР Северна Македонија.