Оваа психотераписка работилница е наменета за новинар(к)и и медиумски работници. На работилницата присутните ќе може да ги споделат своите предизвици и потешкотии во професионалното работење, но и да се запознаат со начини со кои би можеле да го превенираат сопственото професионално согорување и да си овозможат поадекватна грижа за своето ментално здравје.
ДАТУМ: Среда, 18 ноември | 17:30
ВОДИТЕЛКА НА РАБОТИЛНИЦАТА: Радмила Живановиќ
Пријавете се за работилницата на следниов линк: https://forms.gle/KsaQcoUiYhGzp5sR7
