Талентираната режисерка Миријам Гутман (1994) ќе ја сподели приказната за создавањето на троделниот документарен серијал „Семиња на измамата“. Ова е првата холандска серија која влезе во селекција на престижниот филмски фестивал Санденс.
„Семиња на измамата“ ја раскажува приказната за д-р Карбат, најпознатиот доктор за плодност во Холандија во текот на 70-тите и 80-тите години, кој тајно ја користел сопствената сперма за да оплоди повеќе од 65 негови пациентки.
Серијата „Семиња на измамата“ е дел од филмската програма на Медиумскиот фестивал Скопје.
ДАТУМ: Четврток, 7 октомври | 12:00 ГОВОРНИК: Миријам Гутман
