Со цел да се опфати и перспективата на локалните новинар(к)и, на оваа панел-дискусија ќе разговараме за начините на кои ВИ влијае врз работата на локалните медиуми. Со оглед на тоа што локалните медиуми често функционираат како „човек-портал“, каде еден/една новинар/ка работи како уредник, монтажер и снимател, прашањето е во која мера ВИ помага во автоматизација на одредени процеси.
Во време кога разликувањето помеѓу автентична и ВИ-генерирана содржина станува сè поголем предизвик, а дигиталното (родово-базирано) насилство е во пораст и незауздано ги менува своите облици, дискусијата цели да отвори простор за тоа како локалните новинарки можат да се заштитат и како ВИ ги менува нивните секојдневни практики.
ДАТУМ: Вторник, 23 декември | 12:00
МОДЕРАТОР: Душица Мрѓа
ГОВОРНИЦИ: Стефани Манева и Лаура Стојанова
Панел-дискусијата e во организација на „Реактор – Истражување во акција“.
