Дали вештачката интелигенција е сојузник или закана за новинарството? На отворањето на фестивалот разговараме за тоа како новинар/ките ја доживуваат улогата на ВИ во редакциите денес и каква иднина ѝ носи на професијата. Фокусот е ставен на етичките и професионалните предизвици, довербата во медиумите, лажните вести и феноменот на deepfake содржини.
Преку различни гледишта и аргументи, дискусијата ќе се обиде да одговори како медиумските работници гледаат на иднината на новинарството. Дали технологијата ќе го зајакне квалитетното известување или ќе отвори нови ризици за кредибилитетот и јавниот интерес? Ги отвораме прашањата за токму таму каде што новинарството денес се наоѓа – на пресвртница.
ДАТУМ: Понеделник, 22 декември | 19:00
МОДЕРАТОР: Маја Блажевска Евросимоска
ГОВОРНИЦИ: Бојан Стојковски, Антонија Јаневска, Марина Костова
