Во еден град во северен Тексас, кој ги има преживеано кризата со нафта, разорните шумски пожари и пад на наталитетот, неколку работи се постојани - каубојците, средношколскиот фудбал, конзервативните гласачи и неделникот „Канадијан рекорд“. И покрај либералните текстови на уредничката Лори Браун во една од најконзервативните области во земјата, „Рекорд“ е сакан и значаен за заедницата. Но, сега, и онака слабата економија, дополнително влошена од глобалната пандемија, претставува лоша вест за весникот кој добива 90% од својот приход од рекламирање. Документарниот филм го следи животот на Лори, нејзиниот град и нејзиниот весник, додека таа се бори да го одржи во живот. „Моите родители го започнаа овој весник во 1947 година. Не сакам да ги затворам вратите. Но, имаше недели кога не бев сигурна дека ќе можеме да продолжиме кога објавував весник што ме чинеше повеќе отколку што заработував“, раскажува таа. Со секој изминат ден, „Канадијан рекорд“ се приближува до тоа да стане еден од 2.200 весници во САД кои се затворени од 2005 година. Од над 3.000 американски окрузи, само половина имаат локален печатен весник.