Skip to content
  • За МФС
  • Гледај онлајн
  • Програма
  • Филмови
  • Дискусии
  • Говорници
  • Работилници
  • Контакт
  • English
Menu
  • За МФС
  • Гледај онлајн
  • Програма
  • Филмови
  • Дискусии
  • Говорници
  • Работилници
  • Контакт
  • English
  • За МФС
  • Гледај онлајн
  • Програма
  • Филмови
Menu
  • За МФС
  • Гледај онлајн
  • Програма
  • Филмови
  • За МФС
  • Гледај онлајн
  • Програма
  • Филмови
  • Дискусии
  • Говорници
  • Работилници
  • Контакт
  • English
  • Дискусии
  • Говорници
  • Работилници
  • Контакт
  • English
Menu
  • Дискусии
  • Говорници
  • Работилници
  • Контакт
  • English

ИГРА НА СЕНКИ

ФИЛМ

ИГРА НА СЕНКИ

ГЛЕДАЈ БЕСПЛАТНО ТУКА

СИНОПСИС

Обични тинејџери кои ги напуштиле своите земји зафатени од војна се обидуваат да ги преминат границите на Европа во потрага по безбедност и подобар живот. Тие патуваат низ скриен светот што никогаш не го гледаме: свет на мински полиња, мечки, реки што течат брзо, шверцери и граничари. „Играта“ е горко ироничен термин за преминувањето на границите кое стана вообичаено меѓу овие млади бегалци. Ризикувајќи ги своите животи, тинејџерите тргнуваат на тешко  патување кое често трае со месеци, па дури и со години. По патот, тие брзо растат. Игра на сенки (89 мин.) е патување низ темната страна на Европа со тинејџери бегалци како наши водичи. Филмот е експериментален снимен приказ за далекусежните последици од европската политика за азил. Сега оградите се кренаа низ цела Европа, барањето азил стана речиси невозможно. Тинејџерите преминуваат снежни пејсажи и на пат среќаваат агресивна гранична полиција. Пристигнувањето на нивната крајна дестинација стана потешко од било кога. Нивното патување ги води низ цела Европа: од Грција до Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, од Италија до Франција и Холандија. Филмот е снимен во период од три години, делумно од самите главни ликови на нивните телефони. Дураб (16 години од Пакистан) се обидува да ја премине двојната ограда долга 152 километри на границата со Србија и Унгарија. Во Грција, 15-годишниот Авганистанец „СК“ е само на почетокот на своето патување. Во цела Европа се среќаваме со деца кои веќе се обиделе безброј пати да ја играат „играта“ и сега се заглавени, како Иранецот Мо, Пакистанецот Јасин, Авганистанецот Фуад и Ирачанецот Мустафа. Во Босна и Херцеговина, Сириецот Хамуди, на 14-годишна возраст, најмладиот од сите, го раскажува својот обид да го помине „последното ниво“. Во истиот камп, браќата Јано (18) и Широ (15) од Сирија се подготвуваат за нивниот последен потег. Во меѓувреме, во Вентимиља, Фаиз (17) од Дарфур е скептичен дали уште еднаш да се обиде да премине во Франција. Филмот е мозаична приказна во која искуствата на многу млади бегалци на патот се споени заедно во една универзална приказна: модерна Одисеја. Дали ќе ги надминат бројните пречки со кои се соочуваат? И дали ќе најдат нов дом? Овој настан од програмата на фестивалот е поддржан од УНХЦР Северна Македонија со средства од Миграцискиот мултипартнерски траст фонд.

Година: 2021

Времетраење: 90 мин

Држава: Холандија

Јазик: курдски, арапски, паштунски, персиски, англиски

Режија: Ефје Бланкеворт, Елс ван Дриел

Сценарио: Ирис Ламертсма

Продуцент: Патрик Шоневиле

  • ABOUT US
  • PARTNERS
  • CONTACT
  • ARCHIVE
  • ABOUT US
  • PARTNERS
  • CONTACT
  • ARCHIVE

PARTNERS

SUPPORTERS

SUPPORTERS

© 2023 • MFS – All rights reserverd • Powered by Art Design

Twitter Youtube
Scroll Up