ГЛЕДАЈ БЕСПЛАТНО ТУКА
СИНОПСИС
Филмот е интимен портрет на три храбри борачки (лучадорас) од Сиудад Хуарес, кои и покрај тоа што се опкружени со мачизам, го редефинираат имиџот на жената во Мексико. Најголем сон на ниската Мини Сиринита е да стане „лучадора“ со полно работно време и да ја напушти работата во фабриката која обесправува многу жени. Лејди Кенди може да ја види границата на САД од нејзината куќа може, каде ги однеле нејзините ќерки, но никогаш не може да ја премине поради визата. И Бејби Стар, млада самохрана мајка која беше „Луча либре“ ѕвезда на рана возраст и сега го трасира својот пат за враќање назад. Со мексиканска страст тие прикажуваат нова слика за тоа што значи да се биде жена во Мексико.